Кевин Шатенкирк постигна златен гол во седмата минута од првото продолжение за Тампа беј против Далас старс и го доведе својот тим на една победа до шампионската круна во НХЛ лигата.
Тампа победи во четвртиот меч од финалето на Стенли купот со 5:4 си трет триумф во серија е многу блиску до вториот пехар во клупската историја.
Иако имаа голем пех, повторно да им се повреди капитенот Стивен Стамкос, сепак популарните Грмотевици ја продолжија низата победи во финалето и имаат хет-трик, откако го загубија стартниот меч.
Шатенкирк ја искористи предноста од хокеар повеќе на мразот во Едмонтон и донесе голема радост во таборот на екипата што има една титула од 2004 година.
https://twitter.com/NHL/status/1309695991176671232?s=20
Тампа беј во плејофот трипати играше продолженија и трипати победи. Далас не ја искористи почетната доминација и предноста од 2:0 во четвртиот меч. Популарните Ѕвезди водеа и со 3:2, но и тоа не им беше доволно да ја сопрат серијата од хет-трик победи на ривалот во големото финале.
Сега се исправени пред голем предизвик и треба да ги добијат сите мечеви до крај за да станат шампиони, по вторпат по триумфот во 1999 година.