Елиф Елмас постигна мајсторски гол за Наполи во 69. минута и има причини за радост на дуелот против Џенова и Горан Пандев, кои се немоќни против фаворитот и им се заканува катастрофа.
Елмас влезе како резерва во 22. минута и постигна прекрасен гол за 5:0, а веднаш потоа и Политано се запиша во листата на стрелците, против немоќната Џенова, екипа за која од 55. минута игра и Пандев.
Капитенот на македонската репрезентација е немоќен да спаси катастрофа што им се заканува на гостите против својот поранешен тим, а на 20 минути пред крајот Џенова губи со 0:6.