Јаго Аспас сè уште е мајстор на фудбалската игра и на 33-годишна возраст дава необични голови и по велемајсторскиот погодок од слободен удар против Валенсија во минатото коло, сега му даде прекрасен гол и на Валјадолид.
Во тешка ситуација, напаѓачот на Селта го издрибла и голманот на Валјадолид и од мртов агол ја погоди мрежата на домаќините во 44-тата минута.
https://www.youtube.com/watch?v=cub2fLQSv7Y
За реми на „Зорилја“ се погрижи Серхио Гвардиола со прецизен удар од белата точка во 66-тата минута. Селта има победа и две ремија по три одиграни натпревари во Ла Лига, а Валјадолид има пораз и две нерешени на стартот од новата сезона.
Успешен старт во новиот циклус натпревари имаше Севилја. Победникот во Лигата на Европа стартуваше подоцна, а сефте направи со триумф од 3:1 на гостувањето кај Кадис.
Домаќините најавија изненадување во 48-мата минута со голот на Санчес, но фаворитот потоа постигна три гола и победи со 3:1.
Лук де Јонг стрелаше прецизно во 65-тата минута и сè до финишот беше 1:1. Мунир Ел Хадади беше јунакот на гостите и со гол во 90-тата минута и асистенција до Ракитиќ во 96-тата минута беше најзалсужен за триумфот на гостите.