Жорди Фаре, човекот кој собра над 20.000 потписи за отповикување на актуелниот претседател на Барселона, Жорди Бартомеу, смета дека Лионел Меси никогаш не сакал да си замине од клубот, но одредени ситуации го натерале да помисли на такво нешто. Според Фаре, и начинот на кој Меси обелодени дека е незадоволен, не бил коректен.
Фаре неодамна го привлече вниманието со најавата дека ако стане прв човек на каталонскиот клуб, ќе се обиде за тренер да го донесе Јирген Клоп, со чии агенти веќе имал контакти.
„Барселона не треба да чека до март за избори, така ќе загубиме цела година. Тој што ќе победи на изборите, дури во јули 2021 ќе може да ја преземе функцијата, а тоа е предоцна и нема да бидеме подготвени за следната сезона. Верувам дека кон крајот на октомври треба да има гласање, иако гледаме дека актуелното раководство влече очајнички обиди да го спречи тоа. Бартомеу нема ни спортски резултати, го избрка Суарес и го испрати во директен ривал, за малку ќе си заминеше и Меси, допрва ќе треба да плаќаме за скапиот Гриезман“, вели Фаре.
„Мислам дека Меси никогаш не сакаше да си замине од Барселона, но ситуацијата го натера да помисли на тоа. Од друга страна, мислам дека и неговата постапка не беше коректна, требаше да каже на прес-конференција, не преку бурофакс. Се надевам дека новата управа на клубот ќе седне со него и ќе преговара за нов договор. Меси треба до крајот на кариерата да остане тука“, изјави Фаре.