Со ждрепка беа одредени паровите за осминафиналните средби од Купот на Македонија во фудбал. Мечевите се играат на 21 октомври, и нема реванши, се игра само еден меч.
Двојките за осминафиналето се: Академија Пандев – Вардар, Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса, Шкендија – Гостивар, Шкупи – Кит Го, Кожуф – Силекс, Струга Трим Љум – Работнички, Брегалница – Беласица и Ренова – Пелистер.