Второто тестирање ги потврди 14-те позитивни случаи во Џенова

Џенова по вторпат ги тестираше фудбалерите и членовите на стручниот штаб на кои им беа позитивни тестовите на ковид-19 пред два дена. Резултатите се исти, 11-темина фудбалери се заразени со корона-вирус, како и тројца членови на стручниот штаб кои веќе се во самоизолација.

Второто тестирање беше за да се утврди дека нема лажни резултати, а наскоро треба да пристигнат резултатите од тестирањето во Наполи. Голема е веројатноста дека има позитивни случаи и во редовите на тимот чијшто член е Елиф Елмас, со оглед на тоа дека во неделата овие две екипи ги одмерија силите во рамките од Калчото.

Засега Џенова ги чува имињата на заразените играчи во тајност настрана веќе познатите Шене и Перин, па не може да се знае состојбата на Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација. Во меѓувреме мечот против Торино најверојатно ќе се одложи.

- Оглас -

Најнови вести