Серхио Асенхо направи неверојатен кикс против Алавес и се обиде да биде стопер откако непотребно излезе надвор од шеснаесетникот, па прими смешен гол.
Голманот на Вилјареал малку и се прецени, па остана кус во скокот во обидот да ја избие топката со глава и му остави чиста позиција како на тацна на Едгар Мендес.
Играчот од средниот ред на Алавес не пропушти зицер и израмни во 37-мата минута. За среќа на Асенхо, Вилјареал повторно поведе во финишот на првото полувреме со голот на Џерард Морено од пенал.