Андреас Переира, играчот за врска на Манчестер јунајтед, во претстојната сезона ќе игра како позајмен во редовите на Лацио. По крајот на сезоната, Бразилецот ќе има шанса да остане на „Олимпико“ доколку Лацио ја активира опцијата да го откупи неговиот договор за 27 милиони евра.
За Переира ова е трета позајмица, откако претходно играше за Гранада и Валенсија во Ла Лига, а во последните две сезони запиша вкупно 63 настапи за Црвените ѓаволи, во кои реализира три гола и пет асистенции.
https://twitter.com/OfficialSSLazio/status/1311707688716382210