Тотенхем броеше до седум, Спортинг потопен среде Лисабон

Тотенхем со високи 7-2 го надигра Макаби од Хаифа и се пласираше во групите од Лигата на Европа. Кејн со хет-трик, двата гола на Ло Селсо и по еден на Лукас и Али беа и повеќе од доволни за Петлите да го осигурат учеството во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА.

Голем шок претрпе Спортинг Лисабон на домашен терен, загуби со 1-4 против ЛАСК. Со играч помалку тимот на Аморим се распадна во второто полувреме и остана без пласман во Лигата на Европа.

Изненадување приреди и АЕК против Волфсбруг, откако со пресврт од 2-1 го обезбеди учеството во ЛЕ. Волците имаа гол предност по првиот дел, Симоес на половина час до крајот израмни на 1-1, а во последните мигови од судиското надополнување АЕК поведе со 2-1 преку Ансарифард.

Останати резултати:

Ренџерс 2-1 Галатасарај

Базел 1-2 ЦСКА Софија

Дундалк 3-1 Клаксвик

Јанг бојс 3-0 Тирана

- Оглас -

Најнови вести