Јувентус добива одличен напаѓач

Федерико Кјеза вечерва најверојатно ќе го одигра последниот меч за Фиорентина, пред да го комплетира трансферот во Јувентус. Според најавите од Италија, Кјеза во следните два дена треба да го облече дресот на Старата дама, а Фиорентина да заработи околу 60 милиони евра, кои треба да бидат исплатени во период од четири години.

Со доведувањето на Кјеза, Јувентус сака дополнително да го подмлади тимот и да добие напаѓач кој многу подобро ќе се вклопува како втор офанзивец во формација 3-5-2 или по страничните позиции во формацијата 4-4-2.

Тренерот Андреа Пирло сега има еден неочекуван проблем, а тоа е фактот дека мора да исфрли некој фудбалер од тимот. Даглас Кошта требаше да си замине, но Бразилецот најави дека сака да остане и да се бори за место во составот, одбивајќи ја понудата од Вулверхемптон. Кошта заработува шест милиони евра, што секако е дополнителен товар на буџетот, посебно за играч кој не треба да биде во стартниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести