Тричковски му даде гол на Гачевски, но екс вардарците Балотели и Фелипе го поразија АЕК (Фото)

Паралимни го победи АЕК Ларнака со 2-1 во меч од кипарската лига, на кој настапија тројца Македонци и двајца Бразилци кои некогаш го носеа дресот на скопски Вардар. АЕК поведе рано со гол на Иван Тричковски, кој го совлада голманот Филип Гачевски, но во второто полувреме Паралимни го сврте резултатот со два погодоци на Џонатан Балотели.

Освен Гачевски и Балотели, за Паралимни играше и Хуан Фелипе, кој пред мечот срдечно се поздрави со Стефан Спировски со кого играа заедно во Вардар. Спировски беше резерва, но влезе во игра во второто полувреме.

За Паралимни ова е прва победа сезонава, откако претрпеа порази во првите пет кола.

- Оглас -

Најнови вести