ПСЖ пак е оној стариот, делува незапирливо во Франција (Видео)

Пари Сен Жермен го разби Анже со 6-1, и покажа дека кога е комплетен и расположен, првакот нема конкуренција во Франција. За Светците ова е четврта победа по ред во Лига 1, откако сезоната ја почнаа со два порази.

Гол-серијата вечерва ја отвори Италијанецот Алесандро Флоренци кој летово дојде во клубот, и постигна прекрасен гол. Флоренци е шести Италијанец кој дал гол во дресот на ПСЖ. Прв гол сезонава зад своето име запиша и Нејмар, а погоди и Килијан Мбапе кој го затвори гол-фестивалот во Париз.

Ова е голот на Флоренци кој најави дека домашните се расположени:

- Оглас -

Најнови вести