Адеми игра како змеј, ќе летне од Динамо во клуб од Топ-5 лигите

Аријан Адеми уште еднаш потврди дека е висока класа фудбалер на дуелот за Динамо Загреб против Флора во квалификациите за настап во Европа Лигата и има нова понуда да замине, повторно од екипа што игра во Топ-5 лигите на Стариот континент.

Шпанска Уеска е заинтересирана за македонскиот репрезентативец, кој треба да пристигне во Скопје за дуелот со Косово на 8. октомври.

Можно е Адеми да го одигра и последниот меч за Динамо, клуб во кој е од 2010 година. Уеска нуди меѓу два и три милиони евра за ангажман на 29-годишниот македонски репрезентативец, но ќе мора да ја подобри понудата за да го добие извионредниот играч од средниот ред.

„Аријан сака да игра во клуб од Топ-5 лигите, но оваа одлука не е лесна и за него и за клубот. Ќе биде голем ризик за Динамо да остане без таков играч во овој дел од сезоната. Досега неколкупати беше блиску до заминување и секогаш одлучуваше да остане, но сега веројатно е дека ќе се пресели во Шпанија“, велат од Динамо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести