Елиф Елмас е единствениот член на Наполи кој имал позитивен резултат на тестирањето за Коронавирус, објавија од клубот после серијата од четири тестирања.
За жал, ова значи дека Елмас нема да биде во конкуренција за настап на натпреварот со Косово в четврток од полуфиналето на баражите во Лигата на нации за пласман на ЕП 2021. Селекторот Игор Ангеловски уште го нема објавено списокот, веројатно чекаше да види каква е биде ситуацијата со Дијамантот и за жал, тој е позитивен, и мора да остане во Италија.
Останува да се види дали Горан Пандев кој засега е негативен на тестирањата, ќе добие дозвола од Џенова да допатува во Македонија, или ќе треба против Косово, Македонија да игра ослабена без своите две ѕвезди, од кои едниот капитен, другиот екстра талент.