Челзи одби неверојатна понуда од европскиот првак Баерн Минхен за младиот Калум Хадсон-Одои. Баварците понудија едногодишна позајмица, а следното лето да платат високи 70 милиони евра за 19-годишното крило.
Управата на Сините без многу размислување кажа „не“, исто како што го одбија Баерн пред две години кога Хадсон-Одои се пробиваше во првиот тим.
Младиот англиски офанзивец претходно денеска беше стартер за Челзи во победата од 4-0 над Кристал палас, што појаснува дека менаџерот Лампард смета на неговите услуги и покрај големата конкренција во тимот.