Италијанската лига застана зад Јувентус во спорот со Наполи

Натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи закажан за вечерва од 20.45 часот на „Алијанц стадиум“ во Торино ќе мора да се игра во закажаниот термин, потврдија од Серија А. Според правилата и протоколите, за една средба да биде одложена, мора во некој тим да има повеќе од десетмина заразени од коронавирус, како што е случајот со Џенова чиј меч со Торино е одложен.

Во Наполи само двајца се позитивни на Ковид-19, од кои едниот е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас е во карантин, и нема да игра против Јуве, дури и ако мечот се одигра.

Од Наполи побараа одложување, бидејќи регионалната цивилна заштита не им дозволува да патуваат, но ставот на Јувентус беше дека нема пречки за одигрување и тие ќе се појават на терен во 20.45. Ако нешто не се смени во текот на денов, Јувентус и Наполи ќе мора да играат, а доколку гостите не се појават на терен, ќе загибат со службени 0-3.

- Оглас -

Најнови вести