Што ти значи кога позната српска пејачка ти е девојка, Челебиќ е МВП на коло со индекс 41

Кошаркарот на Борац од Земун, Нино Челебиќ, го одбележа колото во втората српска лига, но оваа вест привлече внимание поради други работи. Нино, кој повремено работи и како ди-џеј, во Србија е познат како момче на популарната српска пејачка Теодора Џехверовиќ.

Момчето на Теодора, кое во минатата сезона играше во втората германска лига за Баер Леверкузен, на мечот со Стар имаше 33 поени и 9 асистенции и тоа му донесе индекс на корисност од 41 поен, што беше доволно за признанието најкорисен играч во колото.

„Што ти е терапија кај Теодора“, беше еден од шеговитите коментари на социјалните мрежи откако Челебиќ покажа дека знае да игра кошарка, а изгледа за неговиот успех придонес има и пејачката која го мотивира на нејзин посебен начин.

- Оглас -

Најнови вести