Капитенот на косовската фудбалска репрезентација Амир Рахмани е позитивен на корона-вирусот и сигурно нема да игра на дуелот против Македонија во плејофот за пласман на Европското првенство. На официјалната твитер-страница на Косовската фудбалска федерација е потврдено дека Рахмани е позитивен на опасниот вирус и дека нема да игра во Скопје.
Рахмани е втор клучен играч на Косово кој нема да игра против Македонија. Претходно беше потврдено дека нема да игра ниту првиот стрелец Ведат Миручи, кој неодамна потпиша за Лацио.
LATEST: Amir Rrahmani positive on #COVID19.
Get well soon captain. 🙏 pic.twitter.com/sPsd1iq1cN
— Kosovan Football 🇽🇰 | 😷 (@kosovanfooty_EN) October 6, 2020