Марио Геце ќе игра за поранешниот европски првак ПСВ Ајндховен, откако денеска се пресели од Борусија Дортмунд во редовите на холандскиот клуб.
Играчот што со победнички гол против Аргентина во финалето на Мундијалот 2014 ѝ донесе светска титула на Германија, за првпат ќе игра за клуб надвор од неговата земја.
Трансферот на 28-годишниот фудбалер треба само да се официјализира откако е објавено дека веќе е потпишан договор на две години.
Геце мина двапати по 4 сезони во Борусија Дортмунд, а три години беше и член на Баерн Минхен, па по цели 11 години се сели надвор од Германија, во редовите на ПСВ Ајндховен.
Интересно е што ова му е само трет клуб во кариерата на играчот што беше голем талент, но не го искористи докрај својот потенцијал. И сите три клуба биле европски прваци, што е интересна низа за 28-годишниот офанзивец со 63 настапи за германската репрезентација.
Денеска ПСВ Ајндховен потврди дека во клубот останува и Марко Ван Гинкел, кој играше како оозајмен играч од Челзи во редовите на холандскиот гигант.