Кон крајот на септември, по победата на Ливерпул против Арсенал од 3-1, Мохамед Салах одејќи накај дома, застанал на една бензинска пумпа и спаси еден бездомник кој бил навредуван од мала група луѓе, а потоа му даде пари.
Салах излегол од своето „бентли“, им пришол на момчињата кои го навредувале бездомникот Дејвид, го прашувале и зошто проси наместо да бара работа, и им рекол да престанат бидејќи животот е тркало и не се знае дали еден ден и тие може да се најдат во таква ситуација како Дејвид. На крајот, Египќанецот му дал 100 фунти на 50-годишниот бездомник, кој е поранешен градежен работник и јавно му се заблагодари на Салах за потегот.
„Мо во моите очи за цел живот ќе биде херој. Му благодарам, тој е извонреден како што е извонреден кога игра за Ливерпул. Легенда. Не ми се веруваше дека отиде до банкомат и ми даде 100 фунти“, изјави бездомникот Дејвид Крег.