Архитектот не го загуби чувството за сервирање голови (видео)

Репрезентативната пауза во Јувентус се користи за рекреација на стручниот штаб на чело со Андреа Пирло. Во тренинг-комплексот на италијанскиот првак, тренерите и останатите оперативци на клубот одиграа партија фудбал на скратен терен, во кој Пирло совршено го преслика она што го правеше на терените во годините наназад.

Сега, на 41 година, Архитектот покажа дека не го загубил чувството за сервирање голови, па со асистеција ладна како шприцер го проигра спортскиот директор Паратичи. На спротивната страна играше и Павел Недвед.

- Оглас -

Најнови вести