Драматичните завршници во кошарката не се ексклузивитет за НБА лигата, а дека и во регионалната АБА лига никогаш не сте сигурни дека сте победиле, па и кога водите на една секунда до крај, се потврди синоќа во Белград на мечот Партизан – Будуќност.
Се играше финишот на второто продолжение, кога Коди Милер-Мекинтаер од Партизан погоди тројка за 99-98 на 1,3 секунди до крајот. Белградските црно-бели оправдано славеа, мислеа дека победата е во нивни раце, но гостите од Црна Гора имаа време за еден последен напад и шут. По уфрлањето од страна, топката ја прими Данило Николиќ, кој погоди тројка за победа на Будуќност од 101-99 и шок за Србите.
https://twitter.com/i/status/1315031837211791363