Босна и Херцеговина одигра 0:0 против фаворизираната Холандија, во меч од Лигата на нации. Иако со децении за Холандија важи тоа дека играат тотален фудбал и најважно им е да дадат гол, сега се случува токму спротивното.
Лалињата како да се „овенети“ и не преставуваат опасност пред противничкиот гол. Против БиХ, Холандија трет меч во низа не ја затресе мрежата на противникот. Пред четири дена Холандија загуби од Мексико со 0:1 во контролен меч, а пред еден месец во Лигата на нации дома беше поразена од Италија со 0:1.
На три меча по ред да не даде гол на Холандија и се нема случено цели 11 години. Последен пат таква лоша низа имаа во 2009 година. Селекторот Франк де Бур мора да најде начин како да се подобри офанзивниот дел на селекцијата која важи за една од најофанзивните во светот.
❌ Voor het eerst sinds 2009 (!) weet het Nederlands elftal 3 wedstrijden op rij niet te scoren.
0⃣ – 1⃣ Nederland – Italië
0⃣ – 1⃣ Nederland – Mexico
0⃣ – 0⃣ Bosnië en Herzegovina – Nederland #bosned— FOX Sports (@FOXSportsnl) October 11, 2020