Пирло: Постресно е да си тренер отколку играч, но среќа што имав легендарни ментори

Андреа Пирло ја презеде одговорноста да го води италијанскиот првак Јувентус пред почетокот на актуелната сезона, иако нема искуство во новиот занает. Некогашната легенда на Милан истакна дека постепено ја засакал тренерската работа, но и дека таа е прилично постресна отколку да си фудбалер.

„Дефинитивно е постресно да се биде тренер отколку фудбалер. Додека бев на теренот, јас одлучував што ќе правам со топката, сега оние кои ќе ги пуштам на теренот се тие што носат одлуки. Дури откако почнав да учам за тренер, почна да се развива страста за да менаџирам. Така автоматски си дојде изборот да станам тренер. Секако дека имам свои идеи кои сакам да ги наметнам како и секој друг тренер, но дополнително имав среќа што додека играв, соработував со легендарни тренери, како Саки, Липи, Анчелоти, Конте, Алегри. Среќен сум што имав прилика да работам и да учам од нив“, посочи Пирло.

Во своето деби на клупата на Бјанконерите, Пирло запиша убедлив триумф од 3-0 над Сампдорија, а веќе во следното коло Јуве се избори за реми против Рома при конечни 2-2.

- Оглас -

Најнови вести