Ракометната федерација на Македонија потврди дека ќе донира финансиски средства во висина од 307.500 денари за лекувањето на легендата на велешкиот ракомет Тони Шопов во странство.
„Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да донира финансиски средства во висина од 307.500,00 денари за лицето Тони Шопов за лекување во странство. Тони Шопов е истакнат спортски работник од Велес, некогашен репрезентативец со особен придонес за ракометот. Упатуваме искрени желби за брзо закрепнување“, стои во соопштението на РФМ.
За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра, a потребни се уште околу 20.000 евра бидејќи семејството не е во можност да ги покрие трошоците. Шопов инаку во последниве три години го игра најважниот натпревар за него, боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis).