Официјално: Службен пораз за Наполи за неодигрувањето на дербито против Јувентус

Натпреварот од Серија А помеѓу Јувентус и Наполи, кој не се одигра затоа што гостите не се појавија во Торино, регистриран е со службени 3-0 за првакот и притоа на Наполитанците им се одзема еден бод.

Наполи имаше забрана од локалните власти да патува до Торино поради два активни случаи на корона-вирус, од кои еден од заразените беше македонскиот дијамант Елиф Елмас. Клубот од „Сан Паоло“ побара средбата да се одложи, меѓутоа, според протоколот, Наполи можеше да го одигра мечот доколку имаше 13-мина здрави фудбалери.

Дисциплинската комисија детално го анализираше случајот и процени дека Наполи можеше да ги исполни условите, но тоа не се случи.

Оваа одлука ја донесе Фудбалската федерација на Италија. Од Наполи најавија жалба на суд. Наполи не замина во Торино затоа што не доби дозвола за патување од локалните здравствени власти, но спортските правила се поинакви: ако имате помалку од десетмина заразени играчи, мора да играте.

Ако оваа одлука остане на сила, Јуве се искачува на третото место со 7 бода од три меча, додека Наполи паѓа на осмата позиција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести