Македонскиот ракометен репрезентативен капитен Кирил Лазаров постигна само два гола на гостувањето на неговиот клуб Нант кај Алборг. Данскиот тим победи со 32-24 и дојде до четврта победа во четири кола во групата Б. Нант има една победа и три порази. Нант беше надигран, во двете полувремиња примија по 16 гола.
Лазаров средбата ја заврши со два гола од пет шута. Кире имаше реализација 2/4 во шутевите од игра, а го утна едниот седмерец кој го изведе.