Стефан Ристовски, дефанзивецот на Спортинг, одбил да направи трансфер во Динамо Москва, пренесува португалскиот весник „А Бола“. Според најавите, двата клуба постигнале договор за трансфер, но македонскиот репрезентативец одбил да замине во рускиот тим и трансферот пропаднал. Преодниот рок во Русија е до 17 октомври.
Спортинг сака да го продаде Ристовски за сума од три милиони евра, но во случајот со Динамо постоело опција за одење во московскиот тим како позајмен играч, со опција за откупување на договорот. Сепак, откако Ристовски одбил да направи трансфер, преговорите биле стопирани.
Стефан дојде на „Жозе Алваладе“ во 2018 година од тимот на Риека. Тогаш Спортинг плати помалку од еден милион евра за овој трансфер. Ристовски досега има одиграно 82 меча за Спортинг во сите натпреварувања, но сезонава уште нема одиграно ниту еден меч.