Ако го сменат Оле, Црвените ѓаволи ќе бираат меѓу Алегри и Покетино

Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино се главни кандидати за евентуални наследници на Оле Гунар Солскјер ако дојде до смена на кормилото на Манчестер јунајтед.

Сè позасилени се шпекулациите во Англија дека на Норвежанецот му се подготвува отказ по скромните игри и резултати на најтрофејниот клуб.

„Експрес“ веќе објави дека Алегри е најсериозен кандидат за наследник на Солскјер и најавува дека наскоро ќе се случи смената на клупата на 20-кратниот англиски првак.

По три одиграни натпревари во Премиер лигата само со една победа и два порази, Црвените ѓаволи се на 16-тото место во конкуренција на 20 клуба, а сè уште не може да се преболи катастрофата од 1:6 против Тотенхем на меч игран пред десеттина дена.

Следниот меч на Манчестер јунајтед против Њукасл на „Сент Џејмс парк“ може да биде и клучен за Солскјер. Дел од англиските медиуми, пред сè „Експрес“, тврдат дека ако Црвените ѓаволи не победат во сабота на дуелот што почнува од 21 часот на Норвежанецот му следи отказ.

 

- Оглас -

Најнови вести