Валентино Роси позитивен на ковид-19, ќе ја пропушти трката во Aрагон

Деветкратниот светски шампион и возач на Јамаха, Валентино Роси, е позитивен на корона-вирусот. Популарниот Доктор ќе ја пропушти трката за Големата награда на Арагон, која е закажана за претстојниот викенд. Ова е прв случај на корона-вирус во кралската класа.

„Утрово кога се разбудив, не се чувствував добро. Ме болеа коските и имав температура, па веднаш се обратив кај лекар и двапати се тестирав. Првиот тест беше негативен, но вториот кој стигна неколку часа подоцна, покажа дека сум позитивен на ковид-19. Разочаран сум што ќе ја пропуштам трката, жал ми е бидејќи максимално ги почитував протоколите“, објави Роси на социјалните мрежи.

Инаку, трката за Големата награда во Арагон е закажана за во недела, со почеток во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести