По третпат ја прекинува пензијата: Конор му најави ново прашење на Дастин Појре (фото)

Конор Мекрегор, поранешниот шампион во лесна категорија во УФЦ, по третпат ја прекинува пензијата и ќе се појави во октагонот на 23 јануари 2021 година. Ирскиот борец го прифати предизвикот да се бори со Дастин Појре, што ќе биде главен спектакл на УФЦ 257 настанот кој ќе се одржи во Тексас.

Мекрегор му најави ново прашење на Американецот, кого веќе го победи по 1:46 секунди во првата рунда,  во септември 2014 година на УФЦ 178.

„Уште едно прашење следува за Дастин“, напиша Мекрегор на објавената фотографија на „Инстаграм“ со која ја најави втората борба против Појре.

Ирецот кариерата ја заврши со учинок 22-4, додека Појре има 26 победи и 6 порази.

- Оглас -

Најнови вести