Пред нас е вистински фудбалски викенд-спектакл, очите на јавноста ќе бидат насочени кон големиот број дерби-натпревари кои се играат низ Стариот Континент.
Градски дербија утре и задутре има во Ливерпул, Милано, Москва, Белград, Глазгов и Ротердам. Има дербија и кои не се градски, но може да решаваат за врвот на табелата, а едно такво ќе има и кај нас, Вардар е домаќин на Шкендија. Особено спектакуларна е саботната програма.
Ова е саатницата на дербијата:
САБОТА
Ливерпул – Евертон 13.30 часот
Селтик – Ренџерс 13.30
Вардар – Шкендија 14.30
Наполи – Аталанта 15.00
Интер – Милан 18.00
Манчестер сити – Арсенал 18.30
Бриж – Стандард 20.45
Спортинг – Порто 21.30
НЕДЕЛА:
Феенорд – Спарта Ротердам 12.30
ЦСКА Москва – Динамо Москва 15.30
Партизан – Црвена ѕвезда 17.00
АЕК – ПАОК 19.30
Затоа, за викендов откажете ги сите активности на отворено, дома пред телевизор е најдобрата опција. Следењето на овие натпревари ќе биде повозбудливо со уплатен тикет во обложувалниците Sport Life, па од дербијата може и да заработите некоја пара.