Конечно заврши најдолгиот пост во Евролигата – 20 години чекаа победа и ја дочекаа кога никој не очекуваше (Видео)

Кошаркарите на Алба Берлин приредија првокласна сензација против европскиот првак ЦСКА Москва и славеа на гостински терен со 93:88 во меч од четвртото коло во Евролигата.

Гостите од Германија одлучија да и стават крај на најдолгата серија без победа во Евролигата и за првпат во овој век ја победија ЦСКА Москва и тоа кога никој не очекуваше.

По серијата од пет убедливи порази со двоцифрена разлика од Армејците, кошаркарите на берлинскиот клуб успеаа да приредат големо изненадување.

Симоне Фонтекио беше незадржлив и со 20 поени ја предводеше Алба до подвиг во Москва и прва победа по две децении против ЦСКА, но и прв триумф сезонава во Евролигата.

Кај домаќините тандемот Џејмс и Клејбурн постигнаа заедно 52 поени, но попусто без преголем ефект и за прв пораз од Алба во последните 20 години.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1317168012114493441?s=20

- Оглас -

Најнови вести