Тирни нема гајле, има анти-тела против вирусот и ќе игра против Манчестер сити

Кјеран Тирни веројатно ќе игра денеска за Арсенал против Манчестер сити, иако по правило би требало да биде остане во карантин, поради контакт со играч што има позитивен тест на Ковид-19.

Шкотскиот репрезентативец бил во близок контакт со соиграчот Стјуарт Армстронг, а заедно беа дел од селекцијата на Храбрите срца на дуелите со Израел, Словачка и Чешка што се играа од 8. до 14. октомври.

Армстронг потоа испадна позитивен на тестот за Ковид-19, а Тирни играл со него плејстејшн и иако има негативен тест беше здржан во Шкотска во карантин.

Сепак бекот на Арсенал доби попуст и прекината му е самоизолацијата, најмногу и поради тоа што претходно веќе мина низ целиот калабалак со корона-вирус и откако беше позитивен летоска има анти-тела што го штитат од повторна зараза со опасниот вирус.

За Арсенал денеска на „Етихад“ во Манчестер можно е да дебитира и Томас Парти, најголемото засилување на Топчиите во летнуиот преоден рок.

За него Арсенал во последните моменти од трансфер периодот ја плати отшетната клаузула од 50 милиони евра и репрезентативецот на Гана се пресели од Атлетико Мадрид во Лондон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести