Робињо експресно дојде во Сантош и уште побрзо си замина, во еден од најчудните трансфери за поранешна голема ѕвезда, што траеше само шест дена.
Некогашниот бразилски репрезентативец потпиша договор со гиганот од земјата со најмногу мундијалски трофеи, а требаше да добива по 200 евра месечно, како симболична сума.
Но, притискот на навивачите и на јавноста во Бразил беше огромен, а се протестираше против кам-бекот на играчот во неговиот матичен клуб.
Причината е што Робињо има пресуда да лежи во затвор девет години. Осуден е во Милано во 2017 година. Во 2013 година учествувал во групно силување на жена на возраст од 20-на години и ќе мора да оди во затвор, ако не му биде прифатена жалбата.
Случајот се уште е отворен, Рибињо се брани од слобода, но случајот со кам-бекот во Сантош веќе е затворен и тој нема да игра повторно за еден од најпознатите бразилски и светски фудбалски клубови.