Неверојатна завршница: Ливерпул даде гол во 93 минута, ВАР системот за милиметар го поништи (Фото)

Евертон и Ливерпул ремизираа 2:2 во првиот меч од петото коло во англиската Премиер лига. Ова беше 237 Мерсисајд градско дерби, а двете екипи на крајот може да бидат задоволни со освоениот бод.

Шампионот Ливерпул два пати беше во водство, но Евертон кој како лидер влезе во овој меч, не се предаде и израмнуваше.

Мане погоди по само нешто повеќе од две минути игра за радост на гостите. Овој погодок на Мане е најбрз гол во историјата на Премиерлигашките дуели на Евертон и Ливерпул. Евертон израмни со голот на Кејн во 19 минута, што беше и резултат од првото полувреме.

Во вториот дел повторно Ливерпул прв се израдува. Мохамед Салах погоди во 72 минута, што е негов 100-ти погодок за Ливерпул, но радоста на гостите траеше кратко. Доминик Калверт-Луин, погоди во 81 минута за 2:2.

Во 90 минута Ричарлисон доби црвен картон и Евертон остана со играч помалку. Ливерпул даде гол во 93 минута, но по проверка со ВАР системот, судиите утврдија дека има минимален офсајд на Мане и погодокот беше поништен.

 

- Оглас -

Најнови вести