Јувентус во Киев само со двајца напаѓачи, Манчестер јунајтед без големото засилување ќе игра против ПСЖ

Јувентус очекувано ќе биде без Кристијано Роналдо на гостувањето во Киев против Динамо, во првиот меч од Лигата на шампионите. Роналдо уште е во изолација откако веќе неколку дена е заразен со корона-вирусот.

Тренерот Андреа Пирло во составот има само двајца класични напаѓачи, и тоа Алваро Мората и Пауло Дибала. И покрај тоа што има само двајца голгетери во составот, Јувентус треба без многу проблеми да слави во Киев.

Со гостување во ЛШ ќе започне и Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи ќе имаат многу поголем предизвик затоа што играат во Париз против Пари Сен Жермен. Интересно е што на списокот на Оле Гунар Солскјер ги нема Единсон Кавани и капитенот Хари Мегваер.

Кавани е новото засилување на Манчестер кој пристигна како слободен играч на „Олд Трафорд“ и очекуваше да дебитира токму против својот неодамнешен клуб. Англискиот гигант во Париз патува со оптимизам откако вчера со 4:1 славеше на гости кај Њукасл, но, сепак, Пари Сен Жермен е фаворит за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести