Четири тима, нула голови во ЛШ, се повреди капитенот на Јувентус

Нема голови во првите 45 минути од новата сезона во фудбалската Лига на шампиони. На мечевите Динамо Киев – Јувентус и Зенит – Клуб Бриж стрелците засега спијат и резултатот е 0-0.

Поинтересно е во главниот град на Украина, каде што италијанскиот првак игра без Кристијано Роналдо, а една од најубавите шанси ја имаше Дејан Кулушевски. Јуве во 19-тата минута остана без Џорџо Кјелини, кој има повреда на задниот дел на бутниот мускул на десната нога и своето место му го отстапи на Демирел. Инаку и овие 19 минути беа доволни Кјелини да го надмине Такинарди по број на мечеви во ЛШ (71) во дресот на Јуве. Сега пред Кјелини се само Буфон и Дел Пјеро.

Интересно е што Јуве игра во портокалови дресови, нешто некарактеристично за Старата дама, па по социјалните мрежи има шеги дека во Киев играат Динамо и Шахтар. На тимот од Донецк клупските бои му се доминатно портокалови.

Романецот Мирчеа Луческу, кој седи на клупата на Динамо и има 75 години, е најстариот тренер кој водел екипа во групната фаза на ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести