Скопскиот Вардар е елиминиран во осминафиналето на Купот на Македонија во фудбал откако во Струмица загуби од Академија Пандев со 0-1, со голот на Никола Серафимов во 92-рата минута. Серафимов во минатата сезона играше за Вардар и својот прв гол за струмичани го даде токму против својот поранешен клуб.
Шкендија и Гостивар играа во Гостивар, иако официјално домаќин беше тетовскиот тим. Фаворитот победи минимално со гол на Тотре од пенал.
Резултати по регуларните 90 минути: Академија Пандев – Вардар 1-0, Брегалница – Беласица 0-1, Кожуф Гевгелија – Силекс 1-3, Македонија Ѓорче Петров – Каменица Саса 6-0, Ренова – Пелистер 2-2 (на пенали победи Ренова), Шкендија – Гостивар 1-0, Шкупи – Кит Го Пехчево 5-0, Струга Трим Лум – Работнички 0-0 (стружани славеа по подобро изведување пенали).