Лајпциг во вторникот ја оствари првата победа во новата сезона од ЛШ со сигурни 2-0 и погодоците на Анхелино против турскиот шампион Башакшехир. Но, во центарот на вниманието кај Црвените бикови се тројцата француски фудбалери Дајо Упамекано, Норди Мукиеле и Кристофер Нкунку.
Пред дуелот со Башакшехир, овие тројца наводно платиле 8.000 евра за некој познат стилист од Париз да допатува и да им ги среди фризурите. Иако фудбалерите се обиделе да го чуваат ова во тајност, ги разоткри самиот фризер, кој се пофали со добра заработка за едно кратко патување до Лајпциг.
Се чини дека на овие млади играчи изгледот им е на прво место. Имаат среќа што екипата победи, па остана занемарен фактот што тие биле во контакт со лице кое поминало долг пат и лесно може да го пренесе корона-вирусот и да направи проблеми во редовите на бундеслигашот.