Легендата на Ливерпул, Дитмар Хаман, има интересна прогноза за иднината на Јирген Клоп. Според некогашниот фудбалер, Клоп нема уште долго да се задржи на функцијата, а Хаман дури е и изненаден од долгиот досегашен престој на Клоп во Ливерпул.
„Клоп е менаџер на Ливерпул веќе 5 години, а тоа во денешниот фудбал е исклучително долг период. Кога победуваш, времето лета брзо, а раководството е способно да те смени при прв неуспешен резултат. Јирген секогаш ќе остане во срцата на луѓето, што и да се случи. Во Ливерпул секогаш ќе го сакаат, но искрено, не сметам дека ќе остане уште 5 години. Ако погледнеме во 2025 година, јас го гледам како лежи на некоја плажа задоволен од постигнатото. Друга варијанта е да биде селектор на Германија. Сигурен сум дека би сакал да биде европски или светски шампион со репрезентацијата“ – коментира Хаман.