Хабиб Нурмагомедов по повеќе од една година пауза се враќа во октагонот и веднаш ќе се бори за враќање на појасот во лесна категорија, кој привремено го чува Американецот Џастин Гејтџи. Оваа борба ќе биде главен настан на УФЦ 254 изданието кое ќе се одржи во Абу Даби, а во меѓувреме се извршуваат последните подготовки.
Имено, тестовите за ковид-19 и кај двајцата борци се негативни, што е добра вест во пресрет на спектаклот за да не дојде до евентуално одложување на истиот. Во меѓувреме се направени мерењата на тежина, по што е дадено зелено светло за Хабиб и Гејтџи да ги одмерат силите во ноќта меѓу сабота и недела.
Нурмагомедов уште нема пораз во кариерата со учинок 28-0, додека Гејтџи загуби две борби, а славеше во 22 досега.
Only one can remain… 👑
We are TWO DAYS away from #UFC254
[ LIVE on #ESPNPlus PPV: https://t.co/sO1r9pAolh ] pic.twitter.com/lOXOVrfgld
— UFC (@ufc) October 22, 2020