После поразот од Реал Мадрид, за Барселона стигна уште една лоша вест, а тоа е дека Бразилецот Филипе Кутињо има повреда на мускул во левата нога. Не се знае точно колку долго време Кутињо ќе отсуствува од терените, но сигурно е дека нема да настапи на дербито од Лигата на шампионите против Јувентус, кое се игра в среда во Торино.
Кутињо се врати во Барса после позајмицата во Баерн, тренерот Роналд Куман има доверба во него, и стандарден е во почетниот состав на каталонците. Од шест официјални меча на Барселона сезонава, Кутињо на пет беше во стартните 11. На вчерашното Ел Класико, Кутињо имаше една шанса кога близина шутна со глава, но топката за малку замина покрај стативата.
Кутињо нема да игра ни в сабота на гостувањето кај Алавес. Куман има доволно крила во тимот и ќе најде замена за Кутињо, но веројатно е дека ќе ја смени формацијата на наредните средби.