Среќа што нема ВАР: Со врвна глума доби пенал, но… (Видео)

Петролул загуби на свој терен од Универзитатеа Крајова со 0:1 во дербито на втората романска фудбалска лига, а мечот го одбележа пеналот кој беше досуден пред крајот на средбата. Крајова поведе уште во 12 минута, а Петролул пред крајот имаше можност да израмни.

Во 82 минута, еден од домашните играчи трчајќи во петерецот на противникот се фрли и падна, глумејќи повреда. Оваа глума излезе одлична затоа што судијата наседна и досуди пенал.

Стив Бенек кој е некогашен напаѓач на Вотфорд и Фиорентина ја превзема одговорноста да шутира, но го промаши пеналот, па може да се каже дека правдата беше задоволена.

 

 

- Оглас -

Најнови вести