Пирло лут: Јуве не смее секогаш прво да прими шлаканица, па да се разбуди

Нерешените 1-1 на Јувентус против Верона потврдија дека актуелниот италијански првак не е во потребната форма и дека во Серија А ќе имаат повеќе проблеми да го освојат Скудетото отколку во претходните сезони. Можеби и неиграњето на Кристијано Роналдо е една од причините што Јуве зачести со киксеви, но тренерот Андреа Пирло смета дека тимот мора да го смени пристапот.

„Во првото полувреме не бевме доволно агресивни. Чекавме Верона да направи нешто и да ни даде гол, па потоа да реагираме и да почнеме да креираме шанси. Задоволен сум од реакцијата по нивното водство, но Јувентус не смее да чека прво да прими шлаканица, па потоа да се разбуди и да почне да игра како што треба“, изјави Пирло.

Јуве сезонава на терен има само една победа, против Сампдорија, и една службена против Наполи. Голот за Јуве го даде Дејан Кулушевски, кој беше резерва. Стартерите потфрлија, а дополнителен проблем е мускулната повреда на Леонардо Бонучи, па еден од столбовите на одбраната можеби нема да игра в среда, против Барселона во Лигата на шампионите. Повредени се и Кјелини и Де Лихт, па ова се големи проблеми во пресрет на дуелот со Барса.

Роналдо утре треба да го направи клучниот тест за корона-вирус, од чиј резултат ќе зависи дали ќе може да игра.

- Оглас -

Најнови вести