Поразот од Реал Мадрид во последното Ел Класико можеби нема да биде толку болно за навивачите на Барселона доколку денес се случи она што се очекува веќе извесно време, а тоа е оставка на претседателот Жозеп Бартомеу.
Денес управниот одбор треба да го одреди датумот за гласање, дали ќе биде тоа 1 или 2 ноември, но во меѓувреме, Бартомеу може и пред тоа самоволно да отстапи од функцијата за доброто на клубот.
Раководството во меѓувреме бара да се одложи состанокот, меѓутоа мали се шансите да се случи тоа откако е дадено зелено светло за собир и гласање за конечно да се смени кадарот поради кој Барселона не може да го врати познатиот сјај.