Јуриш, голманот во 90+8 минути даде гол за 3:3 (Видео)

Еден од најнеизвесните мечеви изминатиов викенд се одигра во третата романска лига, меѓу Хунедоаре и Цугира. Гостите поведоа со 3:2 со гол во 89-тата минута, но тоа не беше крај на возбудувањата. Домаќините со сите сили тргнаа во напад, па дури и голманот Флоријан Рат се најде пред противничкиот шеснаесетник.

Се играше осмата минута од судиското надополнување на времето, кога по еден центаршут, токму Рат успеа да погоди за голема радост на домаќините и конечни 3:3.

 

- Оглас -

Најнови вести