Српскиот кошаркар Немања Недовиќ, кој долго игра во Евролигата, има и олимписко сребро со репрезентацијата, а настапуваше и за Голден Стејт вориорс во НБА-лигата, планира да одигра една сезона како фудбалер.
Недовиќ по завршувањето на кошаркарската кариера, сака да се испроба во фудбалот. Нема некои големи амбиции како фудбалер, би се задоволил и со играње во некој клуб од низок ранг.
„Можеби сум луд, но кога ќе завршам професионално со кошарката, сакам да играм фудбал во некој нисколигаш барем една сезона. Тоа ми е неостварена желба, би сакал да пробам. Би играл во трета или четврта српска лига. Имам викендичка во близина на Рума, би било идеално да заиграм за Први Мај од Рума, само не знам дали би ме примиле“, вели Недовиќ.
Недовиќ, кој има 29 години, сака да игра на позицијата напаѓач.