Трета повреда во рок од 12 месеци – Што се случува со најскапиот играч на светот?

Пари Сен Жермен има голем проблем со најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, а Бразилецот и вечерва се повреди во Истанбул и беше заменет во 26-тата минута на дуелот со Башакшехир.

Играчот што со трансфер од 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ го држи актуелниот рекорд со најскапиот трансфер на сите времиња сè почесто е повреден.

Ова му е третпат во период од 12 месеци да има проблем со повредите, а паузираше во октомври лани и потоа и во февруари годинава.

Сè уште не е познато колку е сериозна повредата на Нејмар, а Бразилецот со солзи во очите го напушти теренот во Истанбул и се очекува дијагнозата и дали и колкава ќе биде евентуалната нова пауза.

 

- Оглас -

Најнови вести