Жорж Мендеш го нуди Фалкао на Реал Мадрид

Радамел Фалкао би можел да се врати во шпанската престолнина, неколку години откако го напушти Атлетико. Сепак, не се работи за враќање кај „јорганџиите“, туку неговиот агент Жорж Мендеш се обидува да среди преселба на својот клиент во редовите на Реал Мадрид, градскиот ривал на Атлетико.

Колумбиецот очигледно не може повеќе да гледа како неговиот Монако тоне во францускиот шампионат. Дури ни доаѓањето на Тиери Анри на клупата на „кнезовите“ не може да ги разреши проблемите во кои се наоѓа шампионот на Франција од сезоната 2016/17.

Дополнителна мотивација за заминување од Монако се финансиските проблеми на клубот. Иако во последниве неколку години направија огромен профит од продажба на неколку ѕвезди, клубот сепак, не може да го издржи финансирањето на „Ел Тигре“, кој со потпишувањето на новиот договор во 2017 година добива големи бонуси.

Неговиот договор важи уште една и пол година, но со оглед дека има 32 години, продажба на Фалкао за било која сума добро ќе легне на Монако. Фалкао од 2013 година настапи на 117 меча во сите натпреварувања за „кнезовите“, постигна вкупно 71 погодоци и 14 асистенции.

 

 

- Оглас -

Најнови вести